Собранието од понеделник продолжува со работа – заврши одморот за пратениците

by Fokus

Пратениците од понеделник по летниот одмор започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието.

Во текот на следната недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.

Во понеделник веќе е закажана седница на Комисија за економски прашања, а за 29 август, пак, 58. пленарна седница. До средината на неделата се очекува и првата координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

 

Поврзани новости