Собранието ќе расправа за интерпелациите за Царовска, Николовски и Димитров поднесени од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Собранието на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за седум точки, меѓу кои и интерпелација за тројца министри од новата Влада.

Пратениците ќе расправаат за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерепелација за Царовска поради тоа што министерката не ги консултирала граѓаните при формирањето на стратегијата за мигранти и бегалци. Исто така, според нив, Николовски не се справил добро со пожарите, додека за Димитров поради потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија, што според нив е штетно и брзоплето.

Поврзани новости