Собранието ќе гласа за министрите на опозицијата

by Фокус

Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да ја започне седницата за избор на министри и заменици министри согласно договорот од Пржино. Се очекува на почетокот на седницата премиерот Никола Груевски да се обрати пред пратениците. Министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков и Диме Спасов поднесоа оставки на функциите, а на нивно место ќе се изберат Оливер Спасовски и Фросина Ременски од СДСМ.

Во предлогот на Груевски доствен до Собранието се наведува дека оставките на Чавков и Спасов се резултат на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули склучени меѓу најголемите владејачки и опозициски политички партии, и согласно измените на Законот за Влада. За министри се предлагаат Оливер Спасовски за внатрешни работи и Форсина Ташевска Ременски за труд и социјална политика. На испразнетото министерско место во информтичко општество и администрација се предлага Марта Арсовска – Томовска.

Заменици министри од опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии. Заменици министри во МВР и во труд и социјална политика да бидат досегашните министри Митко Чавков и Диме Спасов.

 

Поврзани новости