Собранието ја укина радиодифузната такса

by fokus

Парламентот го изгласа предлот на законот за изменување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги со што се укинува обврската на граѓаните и фирмите да плаќаат радиодифузна такса.

Предлог законот на Владата на Зоран Заев беше изгласан со 70 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан.

Со овој закон се предвидува работата на Македонската радио телевизија да биде финансиски поддржана од државниот буџет со годишно издвојување на 0,5 отсто од буџетот за оваа намена. Од следната година за оваа ставка ќе се одвојуваат по 14,3 милиони евра од буџетот.

Пратениците на СДСМ, во прилог на овој предлог ги изнесоа тврдењата дека сметките на голем број граѓани редовно им се блокираат поради неплтатената радиодифузна такса. Неретко за тоа реагираше и народниот правобранител според кој им се блокираат сметките и на социјално загрозените категории, односно на луѓе кои се приматели на социјална помош.

Поврзани новости