Собранието го усвои ребалансот на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето

by fokus

Собранието попладнево го усвои ребалансот на Буџетот за 2017 година, со 61 глас „за“, двајца против и ниту еден воздржан.

ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест ја напушти собраниската сала и не присуствуваше на гласањето.

Пратеникот Илија Димовски обвини дека тие нема да гласаат за буџетот бидејќи владејачкот мнозинство не покажало демократија и инклузивност, со одбивање на сите поднесени амандмани.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски пак, ребалансот претставува прв чекор кон градење на подобро општество бидејќи тој предвидува ограничувања и кратења поради зголемениот јавен долг.

Според него, ребалансот ги крати непродуктивните трошења на Владата и институциите за 122 милиони денари, но и други расходи за 257 милиони денари.

Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2 отсто, буџетски дефицит на 18,57 милијарди денари, додека вкупните приходи се ревидирани за 2,87 милијарди денари и капиталните расходи се ревидирани на 23, 4 милијарди денари. Расправата за ребалансот на буџетот траеше пет дена.

Поврзани новости