Собранието ги именуваше новите министри предложени од Владата

by fokus 22:57
22:57

Собранието вечерва пред 23 часот ги изгласа новите министри кои Владата ги предложи како дел од владината реконструкција.

Со 67 гласа „за“ и 23 гласа „против“ Рената Дескоска беше именувана за нова министерка за правда. Со 67 гласа „за“ и со 25 гласа „против“ Арбр Адеми беше именуван за нов министер за образование.

- Advertisements -

За нов министер за култура беше именуван Асад Адеми, додека Бардул Даути беше именуван за нов министер без ресор.

Поврзани новости