Собранието донесе законски измени за образовниот процес, првпат се воведува учење од далечина

by Фокус

Пратениците на денешната седница ги изгласаа измените на Законот за основно образование и на Законот за средно образование.

-Утврдуваме одредена уредба која во вонредни околности ќе може да ја носи Владата се со цел да го уреди траењето на часовите, бројот на наставните денови во одредена година се со цел да се воспостави ова како механизам кој првпат ќе биде поставен во законот. Целта на оваа уредба ќе биде технички да ја уреди школската година во текот на таа година кога имаме вонредни околности. Првпат се воведува правото на учење од далечина, кое досега не било регулирано – рече Царовска.

Таа посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, туку со осовременување на образовниот систем може да се смета дека овој тип на платформа ќе биде корисна и за учениците и за континуирано учење на наставниците.

Поврзани новости