Собрани над 15 000 евра донации за казнетите демонстранти

by fokus

За само еден ден граѓаните собраа вкупно 15 528 евра, за поддршка на демонстрантите на Шарената револуција, што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави.

Солидарната акција се одвиваше вчера во кафе-барот „Излет”, а Шарените велат дека се презадоволни од одѕивот на граѓаните.

– Им благодариме на сите граѓани кои се солидаризираа со сите оние кои добија и ќе добијат драконски казни само заради своето изразување на право на протест. Заедно сме посилни! Сите за еден, еден за сите! –  стои и на фејсбук-страницата на кафе-бар =от, „Излет“,каде што се одвиваше акцијата.

Поврзани новости