Собир за поддршка на Талески пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола денеска се собраа пред општинскиот комитет, во знак за поддршка на градоначалникот Владимир Талески.

Тие тврдат дека градоначалникот е невин, а судот му изрекол мерка притвор како резултат на заканите и притисоците на СДСМ.

Поддршка за Талески изразија и градоначалниците на Ресен, Прилеп, Кривогаштани и Новаци.

-Во овие моменти на лудило предизвикано од чинот на политичкиот прогон, порачуваме дека вистината секогаш победува и дека ќе истраеме на патот кон градење  заеднички вредности и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Оние, кои водени од приземни политички мотиви се втурнаа во хајка кон нашиот колега, еден ден ќе се срамат од своите постапки- порачаа градоначалниците на пелагонискиот регион.

Поврзани новости