Со веспа украл кутија за донации од центарот во Прилеп

by fokus

Непознато лице со веспа завчера од центарот во Прилеп украло кутија за донации. Истата ја поставиле дуќанџии, кои сакале да му соберат помош за семејството на нивниот сограѓанин Гоце Илиески, возач на Брза помош од Прилеп, кој се лекува од Ковид-19 на приватна клиника.

Еден од дуќанџиите на својот Фејсбук профил информира за настанот, со зборовите – До кој степен дојдовме… Срам и арам да му е на крадецот!
Појаснува дека случајот е пријавен во полиција, а се проверувале и камерите на околните дуќани.

Како потсетување, за Гоце Илиески (42) веќе неколку недели наназад се собираат средства за покривање на болничкото лекување. Во апелот објавен од негови блиски беше наведено дека се наоѓа во многу лоша состојба, а еден ден на приватната клиника семејството го чинел 1.700 евра. Со нова терапија, која била вклучена во неговото лекување, цената од ден се зголемила за уште дополнителни 500 евра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости