Со Триглав Осигурување обезбедете целосно осигурување за Вашето возило

by Fokus

Одберете ја осигурителната компанија и осигурувањето на автомобили кои што ви обезбедуваат најдобра покриеност и кои што најдобро ќе ве заштитат вас, вашето возило и вашите патници.

Mинатата недела бевме сведоци на силно невреме, проследено со обилни врнежи и град, кое што го зафати регионот на Скопје. Како резултат на градот беа предизвикани посериозни материјални штети, во најголем дел на возила.

Триглав Осигурување, имајќи ја во предвид масовноста на предизвиканите штети на моторни возила, за прв пат на нашиот пазар, преку своите високо професионални  соработници обезбеди за своите клиенти, сопственици на каско осигурување, можност за ефикасно санирање на настанатите штети на возилата, поточно нуди алтернативна можност за квалитетна поправка на возилата оштетени од град со примена на нова, иновативна технологија PDR – paintless dent removal, или отстранување на вдлабнатини без употреба на боја. Со користење на технологијата PDR можат да се поправаат голем број оштетувања, сѐ додека површината на бојата е недопрена. Најчестата практична примена за PDR е поправка на оштетувања предизвикани од град, како и исправање на врати, вдлабнатини и оштетувања на каросеријата. PDR може да се користи на алуминиумски и на челични панели.

Оваа алтернатива ќе можат да ја одберат корисниците на каско осигурување на возила на Триглав Осигурување, производ со висок квалитет, којшто  за сите видови моторни возила обезбедува целосно осигурување, без оглед на причинителот на штетата, вклучувајќи го како основен ризик, меѓу останатите, и градот.

Високиот квалитет на услугите, како и нудењето на додадена вредност за клиентите се во фокусот на работење на Триглав Осигурување, затоа што сме уверени дека тоа е единствениот начин за обезбедување на задоволството и лојалноста на клиентите.

 

Поврзани новости