Со солзавец и чизми по Рама, хаос во албанскиот парламент

by fokus

Неуспешен обид за упад во Собранието во Албанија, откако приврзаници на опозицијата што протестираа се обидоа насилно да влезат во парламентот. Кордонот полициски службеници успеја да ги спречи насилните демонстранти, но состојбата е и понатаму тензична.

Инциденти во и надвор од алабнскиот парламент каде денеска се разгледува изборот на нов јавен обвинител. Собраниската седница почна со барање за оставка на Владата, а продолжи со физички пресметки меѓу пратениците и напади врз премиерот, Еди Рама.

Пратеникот Фљамур Нока фрли солзаец кон Рама, а лидерката на ЛСИ и сопруга на актуелниот претседател на државата Илир Мета, Моника Круемади имаше неуспешен обид да го погоди Рама со чизми.

Но, и покрај хаосот кој владее во салата, владејачкото мнозинство се обидува да ја продолжи седницата и да го избере новиот државен јавен обвинител.

Опозицијата бара решението да биде во согласност со Уставот со кој, според нив, се бара професионален јавен обвинител, а не политички.

 

Поврзани новости