Со што се бори Русија

by Фокус

Не може да не загрижува обидот да се наметне во Македонија мислата за тоа дека внатрешнополитичкиот процес во земјата се развива по „украинското сценарио”, кое најверојатно треба да доведе до војна.

goncererПишува Јуриј ГОНЧАРУК,
амбасадор на Украина во Република Македонија

Ги припишувам овие обиди пред се на елементарното незнаење за тоа што се случи кај нас, и на свесното искривување на настаните во Украина во корист на една позната земја, затворајќи ги очите на очигледноста на злосторствата направени од неа на украинската земја во текот на последната година: анексија на Крим, разврзување од Русија на војна во Донбас.

Сето тоа, како и одгледување од кремљивските алхемичари во идеолошка епрувета хомункулосот «Новоросија», очигледно и е, како што тврди официјална Русија, нејзината борба «против обновувањето на фашизмот во Украина».

Таа «борба» е подла. Русија неа ја прикрива во секој поглед, бидејќи се плаши од конкретна интервенција во ситуацијата на «евроатланскиот фашизам».

Поради тоа се фрлаат на милост и немилост на судбината тие, што со оружје во рацете се принудени да ја исполнуваат воената заклетва. Тие постојат и нив ги нема. Оваа горка вистина ја дознаа неодамна двајца руски специјалци заробени за време на извршувањето на борбената задача на територијата на Украина.

Сепак, треба да и се одаде почит на Русија, во Европа таа исто така се подготвува да се бори со фашизмот, но, судејќи од сето сега трае подготвителниот период – се изучува идниот противник.

Токму за таа цел, а поинаку тоа не може да се објасни, во пресрет на Денот на победата во Санкт-Петербург беше одржан таканаречен «Меѓународен руски конзервативен форум».

Нека не ве воведува во заблуда зборот «конзервативен», со чија употреба организаторите сакаа да му дадат углед на сомнителниот настан, поточно на собирот со учество на претставници од партии и организации десно радикалната и неонацистичка ориентација од низа европски земји и Русија.

На македонското општество не треба да му се објаснува што е тоа «Златна зоря» и «Атака».

На «форумот» настапи исто така и еден од лидерите на германската партија НДП У. Фојгт, за кој пред три години официјалната «Росијскаја газета» напиша: «Неонацист осуден од берлинскиот суд. Удо Фојгт конечно доби според заслугите».

Тоа тој во 2010 год. изјави за тоа дека неговата партија «се наведнува пред храбрите војници на Вермахтот: копнените сили, Луфтвафе,  морнарицата и Вафен-СС, кои до последниот ден ја извршуваа својата должност».

Според тоа, организаторот на собирот, партијата «Родина», чиј лидер е член на парламентарната фракција «Јединаја Росија» А. Журављов, придонесе на локалните спецслужби за проучувањето на европската ултрадесничарска средина, без преминување на границата на Русија.

Следен чекор најверојатно ќе биде испраќање во Европа на «Ноќните волци», кои се инфилтрираат во таа средина со задача да се рашири тоа …

А понатаму «на тенковите визи не им се потребни», како што изјави деновиве неофицијалниот куратор на «Родина» Вице-премиерот на Русија Дмитриј Рогозин, коментирајќи ги санкциите на Европа и САД против РФ.

Патем, еден од ко-основачите на «Родина» е чен на фракцијата «Јединаја Росија», Василиј Шестаков, спаринг-партнерот на В. Путин на вежбите по џудо во 60-те години од минатиот век. На тоа идниот претседател на Русија ја остреше својата спортска вештина.

На 12 јули 2013 година со указ на претседателот на Рускиот Императорски дом, од Нејзиното Императорско Височество Царицата Големата Кнегиња Марија Владимировна нему му беше издаден сертификат на благородничко потекло, неговото име беше внесено во ІІІ дел од Општоруската благородничка родословна книга.

Поврзани новости