Со прва доза вчера се вакцинирале 4.976 граѓани

by Fokus 14:05
14:05

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а  вкупно се вакцинирале 17.521 граѓанин. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 61 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, како и 58 отсто од населението над 65 години. Барем една доза вакцина примиле 53 отсто од населението над 60 години како и 43 отсто од населението над 50 години.

- Advertisements -

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Поврзани новости