Со пластичен пиштол разбојници ограбиле финансиско друштво во центарот на Скопје

by Fokus

Две лица на возраст од 31 и 63 години извршиле разбојништво во финасиснко друѓтво лоцирано на улицата „Васил Главинов“ во центарот на Скопје. Тие одзеле над 300 илјади денари. Настанот се случил на 27 ноември.

Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје донесена е наредба за спроведување истражна постапка против двете лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-На 27 ноември осомничените дошле пред простории на финансиско друштво на улица ‘Васил Главинов’. Едниот осомничен, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време другиот осомничен, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на вработените им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303 606 денари. Двајцата осомничени потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле, информираат од Обвинителството.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото.​

Поврзани новости