Пиштолот најден до Јанушев потекнува од претходно извршена кражба, рече Спасовски

by fokus 11:22
11:22

Министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски, повтори дека постојат цврсти докази кои укажуваат дека Филип Секуловски стои зад убиството на Мартин Јанушев. Во интервју за ТВ24 синоќа, министерот рече дека полицијата има индиции каде се наоѓа осомничениот и дека мотивите за убиството ќе бидат дознаени откако убиецот ќе биде фатен.

Според Спасовски на местото на убиството е пронајден пиштол за кој се испоставило дека пиштолот е од извршено кривично дела, но оружјето со кое е извршено убиството се уште не е најдено.

- Advertisements -

-Најденото оружје не е на таткото на Јанушев или на било кој член на неговото семејство. Имало претходно извршено кривично дело кражба во населба Козле на тој пиштол. Врз основа на увидот и вештачењето кое што е направено е констатирано дека тој пиштол е од таа кражба. Тоа значи дека е нелегален пиштол кој што го поседувал убиениот и според сознанијата и информациите кои што ги добиваме од сведоците е дека бил во него повеќе време – рече министерот.

Тој додаде дека во процес е анализа на доказите и вештачење на мобилните телефони, а дополнително ќе се утврдува дали Секуловски бил сам или некој му помагал.

– Откако ќе биде пронајден  осомничениот ќе можеме да го склопиме целиот тој мозаик – изјави Спасовски.

Министерот со индигнација ги отфрла обвинувата на ВМРО-ДПМНЕ дека МВР ги штити убиецот и нарачателот.

– Лица што го криеа убиството на Мартин Нешкоски и лица што правеа се да заштитат одредени луѓе што учествуваа во убиството на Нешкоски, немаат никаков кредибилитет да обвинуваат било кого. Тоа е една лага што се пласира во јавноста. Сведоци сме дека опозицијата најдобро пласира лажни вести, и тоа не само сега, туку и во моменти кога беше влада – рече Спасовски.

Поврзани новости