463
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против А.М.(33) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.
Според полицијата, на 26.06.2018 година околу 23,30 часот во Струмица на плоштадот „Гоце Делчев“ пријавениот, држејќи два ножа во рацете најпрво му упатил закани по животот на Ц.Н., а потоа и на 15 годишна малолетничка од Струмица.