Со нож и палка влегол во казино и украл повеќе од 2.000 евра

by Fokus

Во казино во Скопје вчера било извршено разбојништво, со што биле одземени повеќе од 2.000 евра, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 08.50 часот во казино на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје непознато маскирано лице извршило разбојништво. Сторителот, со закана со нож и палка, од вработените одзел околу 130.000 денари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Поврзани новости