Со надежи за договор, продолжуваат преговорите во Пржино

by fokus

Преговорите меѓу претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино продолжуваат денеска попладне, откако вчера не беше постигнат договор. Претставниците на партиите во друштво на американскиот и евроамбасадорот ќе се обидат да се дојдат до решение за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.

Вчерашните разговори завршија без договор, но со доза на оптимизам дека има напредок и дека наскоро е можно решение.

-Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време. Јас сум оптимист, изјави американскиот амбасадор Бејли по средбата.

Поврзани новости