Со мотор излетал од патот Градско-Прилеп, двајца повредени

by fokus 10:51
10:51

Вчера во 13.00 часот на автопатот Градско-Прилеп, мотоцикл „Сузуки“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од П.Г. (43) од Република Бугарија со сопатник М.Т. (33) од Република Бугарија, изгубил контрола и излетал од патот.

Возачот и сопатникот со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница Прилеп. Кај П.Г. биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека кај М.Т. биле констатирани телесни повреди.

- Advertisements -

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа.  

Поврзани новости