Со меѓународна потерница ќе се трага по Филип Секуловски, осомничен за убиството на Јанушев

by fokus

Против затвореникот во бество Филип Секуловски, ќе биде распишана меѓународна потерница како осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев кој беше ладнокрвно застрелан пред неговиот дом во Аеродром. Од полицијата велат дека имаат индиции каде се наоѓа Секуловски и дека МВР работи на негово откривање.

Минисерот, Оливер Спасовски, денеска изјави дека против него е поднесена кривична пријава.

-Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев. Поднесена е и кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот – рече министерот.

Управата за извршување санкции веќе потврди дека против 25-годишниот Секуловски е распишана потерница како бегалец од затворот во Шуто Оризари. Секуловски е пуштен на слободен викенд во петок пред убиството, а потоа не се вратил на издржување на казната. Осуден е на 6 години затворска казна за трговија и поседување на дрога.

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3-ти ноември годинава со неколку куршуми на влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

Поврзани новости