Со маски и огнено оружје сакале да ограбат бензинска, вработенитот се заклучил внатре

by fokus

На 25.05.2018 година во 04.17 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен на бензинска пумпа во населба Илинден-Скопје пријавил дека две непознати маскирани лица се обиделе да извршат разбојништво.

Тој ги забележал лицата, кои имале огнено оружје, ја заклучил влезната врата од бензинската пумпа, по што тие заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

Поврзани новости