Со лажна диплома за средно образование бил поставен за референт на возен парк во Клиничка болница – Битола

by fokus

Битолчанец заработи кривична пријава поради постоење основи за „употреба на исправа со невистинита содржина“, пренесува МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место референт на возен парк во болницата“, додаваат од МВР.

Поврзани новости