Со корона-кризата, расте бројот на невработени во земјава

by Fokus

Сто педесет и една илјада и 359 невработени лица се регистрирани во Агеницјата за вработување на крајот на септември 2020 година. Во евиденцијата на невработени според објавените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43627 лица.

Од Агенцијата појаснуваат дека со состојба на 30 септември 2020 година евидентирани се 14819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година,
односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19.

Во текот на септември бројот на оние кои стекнале статус на невработено лице изнесува 13702. Во евиденција на невработени се пријавиле 2096, 3880 се симнати од евиденција на невработени по сите законски основи, 1411 се лица од евиденција на други лица кои бараат работа, 7102 се лица кои престанале да се водат во евиденција на невработени, 1053 се симнати од евиденција по законски основ, а 1385 лица преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа.

Од Агенцијата појаснуваат дека за 4464 лица кои се стекнале со статус на невработени лица во периодот од 01.09.2020 до 30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос, одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Во текот на септември годинава 4664 лица засновале работен однос, а слободни работни места објавени на Агенцијата се 5754.

Корисници на право на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во септември 2020 година биле 6800 лица, од кои технолошки вишок се 1755, сезонци 4656 и 389 стечајци.

Во март кога почна ковидкризата во евиденцијата на Агенцијата биле регистрирани 107732 невработени лица, во април тој број се зголемил на 114762 лица, во мај на 121187 лица, во јуни 133455 лица, во јули на 141777 лица, во август достигнува 144759 невработени лица и во септември 151359 лица.

Поврзани новости