Со компромитирачка фотографија уценувал 11 годишно девојче

by fokus

Пробиштипјанец со компримитирачка фотографија уценувал 11 годишно девојче, односно и се заканувал дека ќе ја објави на социјалната мрежа фејсбук доколку не излезе со него.

Случајот во полиција во текот на вчерашниот ден го пријавил таткото на девојчето, кој појаснил дека во мобилиот телефон на наговата 11 годишна ќерка пронашол фотографија од неа со компромитирачка содржина.

-Во разговор со истата, дознал дека фотографијата ја направило машко лице и истиот ја уценувал ќерка му, да излезе со него бидејќи ќе ја објавил фотографијата на Фејсбук. Во ПС-Пробиштип е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи -Пробиштип, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко. ПС-Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости