Со фалсификувани пари пазарувала во пекара и бутик

by Fokus

Триесет и тригодишна С.И. од Охрид со фалсификувани пари пазарувала во бутик и пекара, информираа од МВР.

Полицијата поднесе кривична пријава против  С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.

Поврзани новости