Со фалсификувани 100 евра купил две штеки цигари и си заминал со 4.300 денари кусур

by fokus

Фалсификувана банкнота од 100 евра била пуштена во оптек, кога се уште неидентификувано лице купило две штеки цигари во продавница во цело Ранковце. Случајот во полиција бил пријавен вчера од страна на 36-годишниот Д.В. од Крива паланка.

„На 21.02.2019 година во 18.45 часот во продавница во село Ранковце непознато лице пуштило во оптек банкнота од 100 евра, за која постојат сомневања дека е фалификат. Лицето купило две штеки цигари за 1800 денари и му бил вратен кусур од 4300 денари. Со потврда за привремено одземени предмети банкнотата била одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости