Со дрон нападната американска воена база во Курдистан

by fokus

Американска воена база во ирачки Курдистан, во северен Ирак, била цел на  напад од беспилотно летало. Во нападот, што бил извршен вчераутро, нема жртви или материјални штета, соопшти денеска меѓународната коалиција за борба против екстремистите во Ирак .

Беспилотното летало ја погоди коалициската база во Курдистан, но за среќа во нападот нема жртви и штети, изјави за француските медиуми портпаролот на коалицијата предводена од САД, полковник Вејн Марото.

Според локалните курдски медиуми, нападот бил извршен врз базата Ал-Харири, 70 километри северо-источно од Ебрил, главниот град на автономниот регион Курдистан.

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими во понеделник во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за натамошното американско воено присуство во неговата земја.

САД Во Ирак се уште имаат околу 2.500 свои војници, од вкупно 3.500 војници на меѓународната коалиција.

Поврзани новости