Со делта сојот можат да се заразат и вакцинираните

by Fokus

Вирологот Сергеј Нетесов во интервју за руските медиуми порача дека, за да се спречи ширењето на делта сојот, треба да се вакцинира најмалку 80 отсто од популацијата.

„Според податоците, вакцинираните луѓе исто така може да се заразат од овој вирус, но тие имаат одбранбен механизам. Затоа, најголем дел од нив минуваат без никакви проблеми, или во ретки случаи, со чесни симптоми. Тој малку ја измени структурата на врзување на S протеинот кој полесно се закачува за „вирусниот рецептор“ во човечкото тело, а со тоа ја зголеми специфичноста на клетките со кои комуницира. Судејќи по податоците, делата сојот, освен со белите дробови и со крвните садови, подобро се врзува и со цревата“, вели Нетесов.

Поврзани новости