Со брзото справување со пожарот во Нотр Дам скокна популарноста на Макрон

by fokus

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се зголеми за два процентни поени во текот на овој месец, достигнувајќи до 32 отсто, покажува анкетата на агенцијата Одокса.

Aналитичарите оценуваат дека популарноста на шефот на државата, која падна на 27 отсто во декември како последица на масовните протести на „жолтите елеци”, сега расте благодарение на неговата брза реакција по пожарот во париската катедрала Нотр Дам, но и во очекување на објавувањето на мерките за реформи по „големата дебата”, кои меѓу другото вклучуваат раст на малите пензии согласно инфлацијата и намалување на даноците на доход за лицата со ниски примања.

Во исто време, рејтингот на францускиот премиер Едуард Филип останува стабилен со 34 проценти.

Поврзани новости