Со безбол палка претепале 63-годишна вработена во Собранието

by fokus

Во синоќешниот инцидент настрадала и 63-годишна вработена во Собранието, која случајот го пријавила во МВР.

-Ј.Ш.Л. вработена во Собранието на Република Македонија, пријавила дека истиот ден околу 18.30 во Собранието, во нејзината работна канцеларија, додека извршувала службени задачи, од страна на поголема група непознати маскирани лица била физички нападната со повеќе удари во пределот на телото. Истата била удрена со безбол палка во пределот на грбот, а и биле упатени и повеќе навредливи и погрдни зборови. При нападот на Ј.Ш.Л. и биле нанесени видливи повреди на телото, информираат од МВР.

Оттаму истакнуваа дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости