Со „бентли“ влета на скопскиот плоштад, па заработи казна од 45 евра

by Фокус

Министерството за внатрешни работи го пронашла Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило „бентли“ се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.

„Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР.

Како што објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на фејсбук, заблагодарувајќи му се на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за брзата интервенција, несовесниот возач е казнет со парична казна од 45 евра.

Поврзани новости