Сноуден: Заробен сум во Русија бидејќи САД ми го поништија пасошот

by Fokus 09:55
09:55

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, изјави дека верува оти „заробен“ во Москва, бидејќи САД му го поништија пасошот.

– Бев долгогодишен критичар на руската Влада. Го критикував рускиот претседател по име и рускиот закон за надзор. Видете тоа не ми го олеснува животот, заробен сум во земја која не ја избрав, истакна Сноуден во интервју за поткастот Џо Роган Експириенс.

- Advertisements -

Тој потсети дека бил на пат за Јужна Америка кога Владата на САД го поништила неговиот пасош, поради што е „заробен во Русија“.

– Тешко е да се биде ангажиран како граѓанска опозиција кон политиката на американската Влада, а во исто време да се критикува руската Влада, но чувствуван дека тоа е неопходно, наведе Сноуден

Тој во САД е обвинет по две точки за кршење на Законот за шпионажа и може да биде осуден на по 10 години затвор за секоја точка.

Поврзани новости