Сноуден за апсењето на Асанж: Ова е мрачен момент за слободата на печатот

by fokus

Британската полиција официјално соопшти дека е уапсен основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, откако Еквадор го повлече азилот кој му беше даден.

Апсењето го прокоментира и свиркачот Едвард Сноуден, кој се наоѓа во азил во Русија.

„Во учебниците по историја ќе влезе дека амбасадорот на Еквадор ја повикал тајната полиција на Велика Британија да го извлече од зградата издавачот, кој, сакале или не, е наградуван за новинарство. Критичарите на Асанж може да се радуваат, но ова е мрачен момент за слободата не печатот“, напиша Сноуден.

Инаку, Асанж во 2012 година најде прибежиште во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако британскиот суд наложи да биде испорачен на Шведска, каде беше обвинет за сексуален напад. Тоа обвинение во меѓувреме беше отфрлено, но тој и понатаму стравува дека може да биде испорачан на САД, каде се бара за објавување на тајни дипломатски документи.

 

Поврзани новости