Снежното невреме предизвика тотален хаос во Охрид и Струга

by Фокус

Обилните врнежи од снег ги парализираа Охрид, Струга и околните села. Искршени дрвја и гранки, паднати бандери, кабли низ улиците кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите е билансот од снежното невреме што го зафати туристичкиот центар. Од вчера околу 17 часот до 2 после полноќ и од 5 утрово па се до денеска до 11 часот, граѓаните останаа изолирани без струја и интернет, а неколку часа и без вода.

Во делови од Струга и денес нема струја, а без вода е целиот град. Од Центарот за јавно здравје во Охрид ги предупредуваат граѓаните пред да пијат вода истата добро да ја превријат. Во Охридските училишта денес и утре ќе има скратена настава. Часовите во вонредни услови ќе траат по десетина до петнаесет минути. Поради големите снежни наноси воп целост е во во прекин наставата во училиштата во општина Дебарца. Од локалната самоуправа во Охрид информираат дека се работи на расчистување на снегот од сите јавни површини во Охрид и неговата околина.

Во прекин за тешките товарни возила е сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека. За патничките возила, тој постепено се оспособува и во моментов се одвива по една коловозна лента, а во наредните неколку часа се очекува комплетно негово оспособување, информираат од АМСМ.

Поврзани новости