Снежна бура во Шпанија, Мадрид не видел толку снег во последните 40 години

by Fokus

Бурата Филомена прекри делови од Шпанија со обилен снег, а во половина од Шпанија е прогласена т.н. „црвена тревога“.

Во Мадрид, еден од најзафатените делови, се очекува и до 20 сантиметри снег во наредните 24 часа. Аеродромот е затворен заедно со повеќе патишта, пренесува Би-Би-Си.

Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на главниот град, па на помош дојдоа пожарникарите, а во некои места и војската. Властите апелираа да се избегнуваат несуштински патувања.

Според локалните медиуми, ова се најголемите снегови во последните 40 години. Државната метеоролошка агенција потенцираше дека снежните врнежи се „историски“.

Повеќе луѓе сепак излегоа да ја почувствуваат снежната глетка, шетајќи се низ мадридскиот плоштад Пуерта дел Сол.

Студеното време се очекува да продолжи и во текот на викендот, а температурите во Мадрид се предвидува да достигнат и до -12 степени во четврток.

Поврзани новости