Снема маски во аптеките, борбата за воздух отежната

by fokus

Во голем дел од аптеките се потрошија маските со филтри, за кои во изминативе неколку дена граѓаните пројавија голем интерес.

Жителите на главниот град, во паника од загадениот воздух, на социјалните мрежа споделуваат искуства каде можат да набават маски, кои се ефикасни, но и со пристапни цени. Токму од овие коментари може да се забележи дека веќе денеска е отежнато да се стигне до маска, бидејќи аптеките ги потрошиле залихите. Советите се маски да се бараат во продавниците за бои и лакови.

Исто така проблематично е што тешко се наоѓаат и маски за најмалите, за децата, а најави дека ќе пристигнат има дури за две недели. Од аптеките велат дека не очекувале толку голем интерес, бидејќи залихите кои ги планирале за цела година, се потрошиле во рок од неколку дена.

 

Поврзани новости