Снегот завеа возила и отсече села

by Фокус

Десетина автомобили, во кои имало триесетина патници, синоќа биле заглавени на стариот пат Куманово – Скопје, помеѓу кумановските Ново Село и Љубодраг. Откако останале завеани во попладневните часови, тие по неколку саати поминати во нивните автмобили побарале помош од надлежните институции. Од таму велат дека спасувањето започнало околу 19 часот и успешно завршило околу 20.30 часот.

Инаку, медиумите објавија дека околу 200 патници од Скопје, кои патувале за Струмица и Кочани, синоќа повеќе од 10 часа заглавиле во велешката аватобуска станица, бидејќи магистралниот пат кон Штип било завеан, па автобусите не можеле да го продолжат патот.

Во меѓувреме, заглавените семејства во Маврово биле извлечени, но се уште отсечени од останатиот свет останаа повеќе села во скопско-кумановскиот регион, меѓу кои Танушевци, Брест, Герман, Гошинце…

Поврзани новости