Снегот против решение за спорот за името: Откажана средбата со Нимиц

by fokus

Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вечерва во Брисел е откажана, бидејќи ниту преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски, ниту преговарачот Нимиц, не можеле да стигнат на време во Брисел, пренесува МКД.

Поради снежните врнежи во Белгија се откажани стотици летови, како и сите полетувања и слетувања на аеродромот во Брисел, вклучувајќи ги и оние на преговарачите.

Според неофицијални информации, и преговарачите и Нимиц се обидуваат да стигнат во Брисел со воз или со друго превозно средство. Заедничките разговори на Нимиц со преговарачите ќе се одржат утре.

Поврзани новости