Снаата и золвата кои исчезнаа пред Нова година се вратиле дома

by fokus

Двете велешанки кои исчезнале од дома на 27-ми декември и по кои се трагаше, се пронајдени, објавија на социјалните мрежи нивни роднини.

Станува збор за 17-годишната Џ.Д. и 18-годишната Н.Ф. кои биле во роднинска врска, односно Џ.Д. била во брак со братот на Н.Ф.

Веста за нивното исчезнување на 27-ми декември, кога во 10 часот наутро излегле од дома и не се вратиле назад, ја потврди и СВР Велес, од каде тогаш информираа дека фотографии од исчезнатите девојки биле поделени на полициските службеници, а за случајот било информирано и Министерството за внатрешни работи.

Роднини и пријатели на девојките изминативе денови ги споделуваа нивните фотографии на социјалните мрежи, и апелираа секој кој има било какви сознанија, да се јави во полиција.

-Најдени се девојките, благодариме на сите кои споделувавте- е најновата објава од нивни роднини. Нема официјална информација што се случувало со снаата и золвата по кои трагаше градот, каде биле и во каква состојба се сега.

Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека се уште ги немаат сите детали за случајот и како дополнително ќе ги соопштат, но првичните сознанија се дека девојките сами се вратиле дома.

Вики Клинчарова

Поврзани новости