Смртта на англиската (глобална) Кралица и препородот на англискиот (глобален) фудбал

by fokus

Кои би биле можните сценарија кога ќе дојде до активирање на операцијата со кодно име „Лондон Бриџ ис Даун“, но и по неуспешниот обид да се формира европска Суперлига

Пишува: Агрон БИБА

Во  мојата претходна колумна накратко пишував за очекуваните  реперкусии, кои ќе настанат во целиот свет на глобално и на локално ниво по смртта на англиската (светската) Кралица Елизабета Втора и  очекуваната револуција во англискиот (светскиот) фудбал. А, сега ќе се задржам на утврдените и предвидените сценарија.

ЗА КРАЛИЦАТА…

Кодираното име на Операцијата „Лондон Бриџ ис Даун“ примарно се однесува на утврдените случувања, кои ќе следат во Обединетото Кралство, но, исто така, и во Комонвелтот. Елизабета Втора ја игра улогата на владејачкиот монарх и при нејзината смрт, следуваат планови на протокол. Тие ќе бидат предизвикани од политичкото цунами, кое ќе почне од големиот геополитички земјотрес, со епицентар на ‘рушењето на лондонскиот мост’ т.е. смртта на кралицата Елизабета Втора.

Првиот што ќе ја објави веста ќе биде приватниот Секрeтар на Кралицата и никако некој од нејзините блиски од фамилијата, или од медицинскиот персонал.

Првиот чекор на приватниот секретар ќе биде да го контактира британскиот премиер, кому ќе му пренесе дека „Лондон Бриџ ис Даун“, користејќи сигурносни телефонски линии. Канцеларијата на  Центарот за  глобални реакции на Министерството за надворешни работи  и Комонвелтот, која се наоѓа во тајна локација (некаде во Лондон), ќе биде известена од британскиот премиер (или од  неговиот персонал), кои ќе ја продолжат веста на 15-те  влади во кои британската Кралица е сѐ уште владејачки монарх, Хед оф Стејт, владејачка глава. Исто така, веднаш потоа ќе бидат известени и другите држави од Комонвелтот и нивните влади.

Објавата на веста ќе продолжи со известување на медиумите… поточно со известување на ББЦ и ПА Медиа (пи еј мидиа, поранешна Прес Асоцијација), кои се национални установи и кои ја покриваат медијалната терестриална територија на Обединетото Кралство и Северна Ирска, на кои ќе им се пренесе РАТС системот на објава… т.е… на сите презентери на радиобрановите ќе им се сугерира да објавуваат ненавредливи музички содржини и да бидат подготвени за брејкинг њуз објави.

ББЦ – Втора програма, веднаш ќе ја суспендира својата постоечка телевизиска и уредничка програма и ќе се приклучи на ББЦ – Прва програма, на која ќе се објавуваат вестите што ќе имаат единствена врска со смртта на кралицата Елизабета Втора. ББЦ Њуз ќе почне со емитување на веќе снимени и подготвени материјали, додека ИТН (ај ти ен) и Скај Њуз имаат подготвено покривање на настанот за цели 11 денови, кои се добро истренирани и извежбани со кодното име Мисис Робинсон.

Војник од Кралската гарда, ќе залепи/закачи писмена објава на портите на Бакингемската палата, објава која ќе биде во црн раб. Парламентот на Обединетото Кралство ќе биде свикано веднаш. По можност ќе почне со работа по неколку часа од неговото свикување, а британскиот премиер ќе има обраќање до него. Сите локални згради во кои се сместени локалните и државните институции ќе веат знамиња на половина копје и ќе бидат експонирани книги на сочувство.

Еден ден по смртта на Кралицата, Советот за Сукцесија/Наследник ќе заседава во Сеинт Џејмс’з Палас.

Во зависност од тоа каде ќе настане смртта на Кралицата, постојат различни аранжмани за движењето на посмртниот сандак. На пример, ако  Кралицата почине во Виндзор Касл или Сандрингхам Хауз, ќе биде пренесена во Бакингамската палата по два дена.

Ако по некој случај Кралицата почине надвор од Британија, ќе биде донесена со Ројал Еир Форс Нортхолт број 32, Дх’ Ројал Скуадрон, Тоа е специјалната авио кралска служба, кој ќе го пренесе на британска територија и потоа ќе биде пренесена со возење до Бакингемската палата.

Доколку, пак, случајно, Кралицата почине во Шкотска (пример во Холируд Палас или Балморал Касл), посмртните остатоци би лежеле првично во Холируд Палас, следствено со служба на прием во Сеинт Џајлс Катхидрал во Единбург. Потоа, следува транспорт на сандакот во железничката станица Вејверли Стејшн и потоа пренесен со возот Ројал Треин до Лондон.

Во сите случаи, сандакот ќе биде стигне во Трон Рум (Престолна Соба) во Бакингамската палата. Четири дена по смртта на Кралицата ќе биде пренесена во Уестминстер Хол, каде што ќе биде изложена во следните четири дена.

Државничкиот погреб ќе се одржи во Уестминстер Аби, девет дена по смртта на кралицата, по кое нејзиното тело ќе биде погребано во Сеинт Џорџес Чапл, во Уиндзор Касл.

Потоа сигурно ќе следат големи геополитички реверберации низ целиот свет, како очекувани референдуми за Република Канада и Република Австралија, референдуми во Шкотска, Велс, Северна Ирска…..и други геополитички појави, засилени и од самоуништувачкиот Брегзит… Останува да се види, но не е на одмет да се претпоставува, затоа што ќе бидеме афектирани сите, вклучувајќи ја и фунтата како монета. Во следните колумни ќе се задржам повеќе во можните претпоставки.

 ЗА ФУДБАЛОТ…

Поради неуспешниот таен обид од страна на супербогатите сопственици на најголемите фудбалски клубови во Европа, за да се формира европска Суперлига, почнаа масовни протести во најпопуларниот светски спорт, фудбалот. Навивачите сѐ пожестоко и понасилно протестираат, и сето тоа навидум наликува на еден вид „марксистичка октомвриска фудбалска револуција“.

Останува да се види како сево ова ќе се одвива. Кога обичниот фудбалски навивач (кој истовремено е и политички гласач и граѓански даночен обврзник) конечно ќе го крене својот глас против супербогатите и тотално незаинтересирани (освен за профит), антифудбалски, антиспортски (а некои и со политички малверзациски цели) како американски, руски, кинески и арапски фудбалски сопственици. Сите тие располагаат со големи сомнителни богатства, кои (засега) успеваат да ги затскриваат зад фудбалските клубови, во кои го заземаат врвот на фудбалската пирамида, во англиската Премиер лига и не само таму.

Сите овие случувања формираат перфектна социјална и политичка бура, или вистински молотов коктел, кој во еден момент ќе експлодира и ќе предизвика геополитички пламен. Останува да видиме, иако не е на одмет да предвидуваме.

Во моите следни колумни ќе се осврнам малку повеќе околу фудбалските глобални случувања, но и локалните, кои не се воопшто здодевни и неинтересни.

(Авторот е драматург и актер)

 

Поврзани новости