Смртни закани за легендата на иранскиот фудбал Ал Даеи

by Fokus

Легендарниот ирански фудбалер Али Даеи обелодени денеска примил многу смртни закани откако застанал во поддршка на протестното движење во Иран.

„Последните месеци добив многу закани против мене и моето семејство од разни организации, медиуми и луѓе“, истакна 53-годишниот поранешен фудбалер во порака објавена на Инстаграм.

-Ме учеа да бидам чесен, да ја сакам татковината и слободата … Што сакате да постигнете со таквите закани, праша во пораката Даеи.

Тој беше најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал до септември 2021 година кога Португалецот Кристијано Роналдо ја зграби таа титула.

Даеи, исто така, е еден од првите ирански фудбалери кои настапуваше во Европа.

Во сезоната 1997/98 настапуваше за Арминија Билефилд, а следната ја мина во дресот на Баерн Минхен

Поврзани новости