Сменет е стечајниот управник на Еуростандард банка

by Фокус

На местото на Душко Тодевски, нов стечаен управник на Еуростандард банка е Маринко Саздовски.

Порталот Фактор пишуваше дека Тодевски лани побарал од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда.

Односно, тој до судијата достави предлог за награда на стечајниот управник да му се исплатат над 153 илјади евра награда од завршената работа дотогаш.

Инаку, новиот стечаен управник Саздовски беше стечаен управник на ТЕ-ТО.

Своевремено, акционери на Топлификација му поднесуваа и кривична пријава.

Поврзани новости