Службеничка од Општина Радовиш ќе одговара кривично затоа што не пријавила измама и корупција

by fokus

Против 36-годишната Ј.К. од Радовиш е поднесена кривична пријава за сторено дело „непријавување кривично дело или сторител“. Како што велат од полицијата, Ј.К. се товари дека како раководителка на Одделението на внатрешна ревизија констатирала неправилности при јавна набавка во општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“, но не ги пријавила истите кај надлежните инстанци.

„Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  Ј.К. како раководител на Одделение на внатрешна ревизија во општина Радовиш во 2014 година во основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, иако констатирала сомнежи за постоење на кривични дела измама и корупција при постапката за јавни набавки во училиштето во 2013 година, не пријавила кај градоначалникот, ниту пак кај лицето задолжено за неправилности“, велат од полицијата.

Поврзани новости