„Случајот со Спасов е шанса МВР да ја врати довербата на граѓаните“

by fokus

Група граѓански активисти денеска одржа прес конференција на крстосницата помеѓу ул.Алжирска и ул.Багдадска во Тафталиџе, каде вчера заменик-министерот Диме Спасов удри во паркирани возила и потоа избега од полицијата.

Влатко Васиљ истакна дека немало да бидат денеска тука, доколку Диме Спасов веднаш преземеше одговорност за своите постапки.

-Неговата неодговорност и прикривање повлече сплет на настани што резултираа со уште поголеми лаги, манипулации и презентирање на лажни факти пред јавноста. Затоа бараме од Министерството и од министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни дејствија за расветлување на случајот и санкционирање на сторителите. Истовремено, потсетуваме дека и давањето лажен исказ и лажното пријавување кривично дело се посебни кривични дела за кои мора да постои одговорност. Ова е вистинската шанса, МВР да покаже професионалност и одговорност во своето работење, а со тоа да почне да ја враќа вербата на граѓаните во оваа институција, рече Васиљ.

Групата активисти рече дека Спасов и оние кои се обидоа да го прикријат мора да одговараат за своите постапки, а Спасов да си поднесе оставка од функцијата.

ФОТО: НОВА ТВ

Поврзани новости