Случај Ореше: Иако полиграфот три пати покажал дека Арсовски не знае ништо за убиството, го направиле заштитен сведок

by fokus

Случајо „Ореше“, за убиството на 72-годишниот Лазо Милошовски, а кој веќе девет години се влече низ судските лавиринти, веќе е пред својот финиш. Денеска во Основниот суд во Велес се оддржа рочиште, на кое сведочеше вештак кој му правел полиграфско тестирање на Златко Арсовски, кој подоцна стана заштитен сведок под псевдонимот „Бреза“.

На Арсовски, кој тврдеше дека полицијата го натерала лажно да сведочи против браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски, му биле правени три полиграфски тестирања и сите три, според адвокатот Звонко Давидовиќ покажале дека Арсовски не знае ништо за случајот со убиството и дека не лаже.

-Иако и трите тестирања покажале дека ништо не знае за случајот, сепак тој бил предложен за заштитен сведок, што покажува дека УБК го припремала за лажен сведок, вели Давидовиќ.

Давидовиќ вели дека овој пат очекуваат ослободителна пресуда, и завршување на долгогодишното полициско-судско фијаско.

Случајот „Ореше“ трае веќе девет години, откако неколку беше враќан назад од повисокиот суд. Браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски прво на два пати беа осудени на затворски казни од по 12 години, врз основа на исказ на заштитен сведок, кој тврдеше дека во 2005 година браќата го убиле 72 годишниот Лазо Милошевски. Во меѓувреме, од Америка беше екстрадиран и Ѓоре Петровски, обвинетиот за нарачка на убиството. Но, на третото судење се случи пресврт, кога, дотогаш заштитениот сведок Златко Арсовски, го откри својот идентитет и кажа дека полицијата го натерала лажно да сведочи. По ова, тројцата обвинети добија ослободителни пресуди. Апелација ја укина и оваа пресуда, па почна четврто судење, на кое судот повторно ги осуди, браќата на по 10 години, а Петровски на 13 години затвор.

В.В.

Поврзани новости