Случај „Монструм“: Што ќе открие вештачењето на 10-те мобилни за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро?

by fokus

Одбраната и обвинетите во случајот ,,Монструм” денеска ќе извршат увид во извештајот на МВР за анализата на 10 од 31 мобилен телефон, од кои дел се на обвинетите за петкратното убиство, што се случи кај Смиљковското Езеро. Оваа одлука произлезе од фактот дека адвокатите и обвинетите во овој предмет добиле само известување од анализата, но не и содржината на извештајот на МВР за мобилните.

Претставникот од Одделението за дигитална форензика, при својот исказ во судот ја објасни постапката како се врши анализа на мобилните телефони.

– Постојат случаји кога софтверите не нудат поддршка за екстракирање на одреден телефон. Подготовката на овој извештај почна на 24 октомври 2019 и траеше до февруари 2020, рече тој.

Техничката неисправност кај дел од мобилните телефоните биле недостаток на батерија, неможност за поврзување со компјутер, нефункционална батерија и слично.

Следното рочиште е закажено на 21 јануари.

Случајот „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Поврзани новости