Случај Монструм: Ќе се бара за сведок и „алфата“ која во полиција ги однела очевидците на петкратното убиство

by Fokus

Испрашувањето на сведокот Ахмед Бекир го продолжи адвоктот Насер Рауфи, откако претходно цело време конфузно и одговараше на обвинителката Фатиме Фетаи.

На прашањето на адвокатот дали сведокот имал родина во полиција, тој рече дека нема, но имало еден Ром кој работел во Алфите, а кој се викал Ваџик.

– Кога слушнавме пукање, Кемал му се јави на Ваџиќ. По убиството Ваџиќ дојде кај мене и заедно отидовме во полиција, рече сведокот.

На прашање на обвинителката дали Ваџик го знаел од претходно тој рече дека таа вечер прв пат го видел. Потоа негираше дека Кемал му се јавил на Ваџик, туку појасни дека Кемал се јавил дома.

Сведокот освен тоа што е збунет и исплашен има и проблеми со слухот, па тоа уште повеќе го усложнува испрашувањето.

Одбраната најавува дека ќе го побара за сведок, кој во својот исказ го спомнуваше сведокот Ахмед Беќир, бидејќи како што појаснува овој лик за првпат се споменува во судскиот случај, па затоа би било подобро да ги појасни работите.

В.В.

Поврзани новости