Случај “Крвав четврток”: Арнаудов породил 15.000 жени и спасувал животи, затоа не можел да биде терорист и насилник

by fokus

Во моментот во Кривичниот суд воведен говор на судењето за случајот “Крвавиот четврток”, односно насилстото што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, дава адвокатот Донче Наков кој ги застапува обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Абдулфета Аљими.

Наков истакна дека станува збор за успешни луѓе кои во никој случај не би можеле да бидат терористи и насилници.

-Арнаудов е гинеколог, со над 15.000 породувања, односно има импозантна кариера од 37 години. Пратеник избран со големо мнозинство и голем успех во Охрид. И после таква кариера, доктор кој спасувал животи, наеднаш формира умисла за терористички акт, рече адвокатот Наков.

За обвинетиот Владо Јовановски пак Наков истакна дека нема потреба да објаснува кој е, бидејќи немало човек кој не го познавал.

-Јовановски е глумец, нормален човек со нормално семејство. Патриот, емотивен тип, но никако терорист, посебно не со зборови, исткна Наков.

За Богдан Илиевски-Бетмен пак истакна дека е архитект од семејство на правници.

– Илиевски е архитект, по вокација колумнист, но никако насилник. Во иницијативниот одбор на “За заедничка Македонија”, не дозволил 65 дена да не се случи ниту еден инцидент, рече Наков.

 

За Абдулфета Аљими, рече дека е полицаец кој не можел да го смести во ниту една група наведена во обвинението.

– За овој човек, жртвата во настанот, пратеникот Зијадин Села, како гаранција ја даде својат куќа. Во предметот за овој настан кој го водеше Основното обвинителство, и за кој веќе има пресуда, беше повикан како сведок и обвинителството му веруваше, истакна Наков.

Поврзани новости