Словенија ќе го укине ограничувањето за вакцинирање со АстраЗенека

by Фокус

Словенија ќе ги укине ограничувањата за вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека, така што во иднина сите луѓе, без оглед на возраста и полот, можат да се имунизираат со неа, освен ако не станува збор за особено ранливи групи луѓе со хронични болести.

Овој предлог на словенечката Влада и го дале експертите од нејзиниот научен совет за коронавирус. Според Индекс.хр, медицинско советодавно тело се водело од мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА), која минатата недела повторно утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и оти придобивките од неа се многу поголеми од можните ризици.

Некои членки на ЕУ, и покрај таквиот став на европскиот регулатор, ги задржаа или воведоа одредени ограничувања за групи во популацијата кои ќе се вакцинираат, додека Словенија во последните недели ја користеше вакцината на британско-шведската компанија за имунизација на населението на возраст од 60 до 65 години.

Поврзани новости